Србија подигна воени авиони: забележан неидентификуван летачки објект

Од:

Постојано активните сили за контрола и заштита на суверенитетот на воздушниот простор на Република Србија денеска во 10 часот и 39 минути над Ваљево на надморска височина од 5.500 метри открија непознат летеачки објект.

Врз основа на наредбата на претседателот на Републиката и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, на должност беа подигнати пар борбени авиони МиГ-29, а ракетните единици на должност за ПВД и радарски средства продолжија да го следат го воздушниот простор.

При водење на дежурниот пар авиони до зоната на пресретнување, целта била изгубена од одразот на радарските покажувачи. Борбените авиони продолжија со летот и ја пребарале зоната, според процедурата, со цел да ја потврдат состојбата.

По пребарувањето на зоната, на дежурниот пар борбени авиони им било наредено да се вратат на домашниот аеродром, додека останатите сили продолжиле со редовно следење и надзор на воздушниот простор.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани