Американката Колин Бернс се разбудила на операциска маса во болница во Њујорк во моментот кога лекарите почнале да и ги вадат органите, мислејќи дека е мртва.
Лекарите, кои не извршиле доволно тестови, помислиле дека мозокот на жената е мртов, а таа всушност се предозирала со лекови, поради што и била хоспитализирана.
Колин испила „ксаснак“, „бенадрил“ и таблети за опуштање на мускулите со намера да се убие. Лекарите не и направиле испумпување на стомакот, ниту и ја скенирале главата, туку само заклучиле дека мозокот и е мртов. Семејството на Колин се согласило да се донираат нејзините органи.
Еден ден пред вадењето на органите, медицинската сестра направила невролошки тест, кој покажал дека Колин реагира на него и дека е жива. Меѓутоа, лекарите не ги земале предвид тврдењата на сестрата и почнале да ја сечат. Во тој момент жената ги отворила очите, а исплашените лекари веднаш ја прекинале процедурата.