Лавовите по 15 години повторно се враќаат во Руанда

Од:

Седум лавови од Јужноафриканската Република ќе бидат пренесени во Руанда, првпат по исчезнувањето на овој вид во земјата кон крајот на 90-те години на минатиот век, соопштени на организацијата што управува со нациоанлниот паркот „Акагера“.

– Враќањето на лавовите во Акагера е важна етапа за зачувувае на паркот и за земјата, изјави Петер Фирнхед, директор на орагнизаицјата „Африкан Паркс“, која е задолжена за управување со паркот „Акагера“.

Група лавови, составена од пет женки и два мажјака, кои се подарок од два јужноафрикански резервати од покраината Квазулу-Натал, би требала да стигнат во Руанда со авион следниот понеделник.

Според Јамина Каритањиџи, туристичка претставничка во Канцеларијата за развој на Руанда, повторноѕо населување на лавовите во земјата ќе биде „во полза на природната рамнотежа и екосистемот“ и ќе се обезбени нова туристичка привлечност за Руанда.

Лавовите од „Акагера“ исчезнаа по враќањето во земјата на руандски бегалци од Уганда и Танзанија. Тие заземаа дел од паркот во недостиг на сместување и ги истребија лавовите за да се заштити нивниот добиток.

Нациналниот парк „Акагера“, кој името го доби по реката Кагера на чиј брег се наоѓа, е сместен во источниот дел на Руанда на границата со Танзанија. Тој природен резерват што го делат жирафи, зебри, неколку видови антилопи, бизони, геопарди и слонови, во 2014 година го посетија 28.000 лица.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он