Точно напладне, на градскиот плоштад матураните од Куманово заедно со нивните врсници од европските градови танцуваа квадрил на „Матурската парада 2013″.
Ова е седми пат како се оддржува оваа манифестација која во Куманово е под покровителство на секторот за култура, Советот на општината и градоначалникот.
– На овој начин младите од Куманово стануваат дел од едно европско семејство. Се надевам дека матурантите ќе постават Гинисов рекорд во танцување во исти чекори на иста музика на различни места и градови, рече градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски.
На плоштадот во Куманово, квадрил танцуваа околу 300 матуранти од кумановските средни училишта.