Близу Бајина Башта, на границата на Босна со Србија, минува реката Дрина, која на едно место претставува вистински спектакл. На една карпа, човек изградил цела куќа.
Повозрасните можеби ја знаат приказната за куќата, а помладите само ако налетале на слична вака статија на интернет.
Сопственикот на куќата вели дека е изградена во 1968 година, кога тој заедно своите другари уживале во пливањето во Дрина и сончањето на таа карпа на средина на реката.
Потоа решиле да направат куќа таму. Сите материјали ги пренеле со пливање и со голи раце ја заѕидале куќата. Неверојатно, нели?
Куќата сега е атракција, па дури и снимаат видео спотови во неа.