Симпатичното куче Тоник неодоливо потсетува на човек, а требал да биде „успиен“ бидејќи никој не сакал да го вдоми поради тоа што има „човечко лице“.
Тоник е мешана раса од пудла и ши-цу, а веќе долго време се наоѓа во азил за кучиња во Индијана, кој го дал на посвојување.
Необичното куче го забележале новинарите на весникот „Gawker“, а бидејќи стана сензација на интернет, вработените во азилот се надеваат дека популарноста ќе му помогне да пронајде топол дом.