Крокодил повреден кога врз него падна жена, вработена во циркус

Од:

Крокодил од еден руски циркус е повреден кога една од вработените, тешка 120 килограми, падна врз него во текот на патувањето со мини-бус низ арктичкиот предел на земјата, пишуваат локалните весници.

Два метри долгиот крокодил Феѓа се здоби со повреди кога жената која работи како сметководител во циркусот падна од седиштето при наглото свртување на возилото.

Вработените во циркусот од Мурманск се загрижени за рептилот кој од претрпениот шок повраќал цели три часа.

Жената се здобила само со полесни повреди, но е прекорена што не се врзала со појасот.

Феѓа во меѓувреме се опоравува и сега чека во Москва да стане ѕвезда на руската телевизија, изјави директорот на циркусот, Васили Колос.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он