Крадците вратиле украдени компјутери и се извиниле

Од:

Кога крадците сфатиле дека украле компјутери од невладина организација која им помага на жртвите на сексуално насилство, веднаш ги вратиле и се извиниле.

Крадците упаднале во канлецариите на оваа организација во округот на Сан Бернардино во Калифорнија, од каде што земале шест компјутери, лаптоп и чанта со други вредни работи.

Следниот ден полицијата утрото околу 4,30 часот ја повикала извршната директорка на оваа организација, порачувајќи дека во нејзината канцеларија се случува нешто сомнително.

Кога пристигнала ја дочекало изненадување: – Сите мои работи беа пред вратата, изјави таа пред новинарите, покажувајќи ја пораката која крадците ја оставиле.

– Не знаевме што сме земале. Ви ги враќаме вашите работи. Се надеваме дека и понатаму ќе го работите тоа што го работите.

Господ нека ве благослови, пишува во пораката која крадците ја оставиле.

– Ова е прв пат во мојата кариера да видам крадци да враќаат украдени работи, изјави полицискиот поручник, Пол Вилијамс.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ