Коронавирусот закана за производството на кондоми

Од:

Компанијата Карекс БХД, која важи за еден од најголемите светски производители на кондоми, го запре производството поради коронавирусот. Тоа може да значи и намалување на количината во продажба на уште еден производ за секојдневна употреба на светско ниво.

Според „Гардијан“, малезиската компанија произведува една петтина од светското количество кондоми. А, погоните во трите фабрики веќе една седмица не работат поради вонредната состојба што Владата ја воведе заради сузбивање на коронавирусот.

Пред неколку дена, компанијата доби дозвола за работа, но само со 50 отсто од капацитетот.

Во однос на југоисточна Азија, Малезија е меѓу земјите најтешко погодени од коронавирусот. Бројот заразени е 2.161 лице, а 26 се починати. Корона-кризата во оваа држава би требало да трае најмалку до 14 април.

Други позначајни земји во однос на производството на кондоми се Кина, од каде почна ширењето на коронавирусот, како и Индија и Тајланд, каде заразата е во пораст.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ