Замислете дека можете да слушнете се што вашите колеги, пријатели и членови на семејството мислат за вас, а да не знаете кој ви ги праќа пораките. Токму на тоа се темели новата апликација Sararah од Саудиска Арабија.
Откако е објавена во јуни, апликацијата ја преземале милиони корисници, а Adweek јавува дека Sararah моментално е најпопуларна апликација во светот на iTunes.
Се работи за платформа за анонимно праќање на пораки, која функционира по следниот принцип: корисниците се регистрираат онлајн и ја преземаат апликацијата на своите телефони, ги делат своите линкови преку социјалните мрежи и чекаат. Пораките можат да стигнат буквално од било кого (дури и од луѓе кои не се регистрирани, ако корисникот не ги подесил измените во подесувањата), а примачот не може да одговорни на нив.
Експертите за сајбер безбедност веќе предупредуваат дека ваков вид на сервис претставува исклучително поволно тло за „анонимно вознемирување”, со оглед на тоа дека пријавувањата на насилства тешко е изводливо бидејќи праќачите не мора да бидат регистрирани за да праќаат пораки.
Контрааргумент на компанијата која ја објавила апликацијата?
Не се регистрирајте ако не сте во состојба да се справите со последиците.
Да потсетиме, израелската апликација за анонимно праќање на пораки Blindspot во септември минатата година предизвика слични реакции.