МВР промовира мобилна апликација за постапување на полициските службеници при избори

Од:

Мобилна апликација за едукација и освежување на знаењето за правата и обврски за постапување на полициски службеници за време на избори, беше презентирана денеска во Министерството за внатрешни работи.

Апликацијата е изработена во соработка со Мисијата на ОБСЕ и е достапна за преземање на веб страницата на МВР и за граѓаните.

Министерот Наќе Чулев, на заедничка прес-конференција со амбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која, рече дека апликација ќе се користи од сите полициски службеници што ќе сакаат да освежат своето знаење, посочувајќи дека 8.500 полицајци ќе поминат обуки за претстојните избори.

– Мобилната апликација е во насока на заложбите на Министерството за континуирана имплементацијата на нови технологии за едукација на полициските служби, изјави Чулев.

Апликацијата, рече Чулев, овозможува точен увид во законската обврска на полициски службеници за постапување за време на избори.

– Апликацијата е достапна за преземање од веб страната на МВР и за граѓаните, преку која ќе може да се информираат за сите права и обврски за време на изборите. Министерството ќе стори се за одржување на фер и слободни избори, изјави Чулев.

Амбасадор на ОБСЕ, Клеменс Која, рече дека од 2002 година работат на обука на полициски единици за важноста на владеење на правото за време на избори.

– Во таа насока е соработката со центарот за обука во Идризово. Пред неколку години развивме платформа за електронско учење на полицијата, која беше дел од Центарот за едукација на полициски службеници. Сега е развиена нова мобилна апликација и курс за обука со која сите полицајци ќе може да го освежат знаењето за одржување на мирот и безбедноста за време на изборите, изјави Која.

Апликацијата е развиена од компанијата „Ајвоут“ и нуди подобрената достапност во секое време, со интерактивна содржина со можност за самоевалуација на знаењето.

Прашан за барањата на синдикатот за спроведување на мерките од Владата за заштита од корона вирусот, министерот Чулев, рече дека денеска испратил насоки за ослободување на сите самохрани родители.

– Пратена е телеграма денеска до сите органи за почитување на одлуката од Влада за ослободување на родители, ако се работи за самохрани, како и ако двајцата родители се вработени во МВР, Одбрана, АРМ и Царина, изјави Чулев.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески