Преземете ја апликацијата MyNewz – бидете информирани и креирајте свој свет од вести и информации

Од:

Мобилната апликација MyNewz (достапна на Google Play) овозможува да ги следите најновите вести на повеќе од 250 македонски портали. Станува збор за првата апликација во Македонија преку која можете самостојно да ги селектирате вестите, вашите омилени категории или медиуми.

На овој начин, корисниците на MyNewz ги читаат вестите или областите за кој изразиле интерес. Живееме во ера на дигитализација, кога секој момент е важен.

Оттука, со користењето на оваа апликација заштедувате време, информирани сте, но не сте оптоварени со непотребни информации т.е. вести кои не Ве интересираат.

Дополнително, преку користењето на апликацијата:

 Не прелистувате реклами;
 Се информирате брзо, проверено, од медиуми на кои им верувате;
 Имате можност да ги зачувате вестите и да ги прочитате подоцна.

Оваа дигитална платформа, пред сѐ одговара на потребите на младите луѓе кои голем дел од времето го поминуваат на својот мобилен телефон. Тие живеат брзо, динамично и MyNewz им овозможува брзо и точно информирање. Сепак, апликацијата ги следи и афинитетите на другите генерации, кои се почесто го користат својот мобилен уред како примарно средство за информирање и комуникација.

Преку користењето на MyNewz на брз и ефикасен начин се придонесува и кон спречување на ширење на лажните вести, како еден од најголемите проблеми на дигиталното општество кое го живееме. Затоа што вестите не ви се „сервирани“ туку можете да проверете дали одредена информација е распространета и по други веб-портали. На овој начин, одговорноста и кај медиумите ќе биде поголема и ќе се стремат кон поквалитетно и повистинито информирање на јавноста.

Апликацијата MyNewz е развиена со помош и поддршка од програмата за кофинансирање на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).
Преземете ја апликацијата: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.mynewz.mynewz

Би можело да ве интересира

Блумберг: Основачот на „Зум“ заработи 4,2 милијарди долари за неколку часа

Ана Ололовска

StopKorona! – мобилна апликација справување со Ковид-19

А1он

МВР промовира мобилна апликација за постапување на полициските службеници при избори

Ландов

Контроверзна апликација од Саудиска Арабија го освојува целиот свет

Наум Локоски