Блумберг: Основачот на „Зум“ заработи 4,2 милијарди долари за неколку часа

Од:

Ерик Јуан, основач на американската компанија „Зум видео комуникејшнс“ за само неколку часа стана побогат за 4,2 милијарди долари, објави Блумберг.

На берзата вчера, акциите на „Зум“, која нуди главно услуги поврзани со видеоврски и видеоконференции, за неколку часа пораснаа за околу 26 отсто, на скоро 410 долари. Според познавачите, ако овој тренд продолжи уште еден ден, богатството на Јуан ќе надмине 20 милијарди долари.

Акциите на компанијата нагло пораснаа по објавувањето на позитивните извештаи на компанијата. Јуан е извршен директор, претседател на бордот директори и сопственик на „Зум“.

Популарноста на апликацијата „Зум“ значително се зголеми за време на пандемијата на коронавирус, кога многу луѓе ги почувствуваа потребите од интернет-комуникацијата.

Би можело да ве интересира

Преземете ја апликацијата MyNewz – бидете информирани и креирајте свој свет од вести и информации

Горан Наумовски

Рускиот регулатор ги казни ТикТок, Телеграм, Зум, Дискорд и Пинтерест

Приходите на аликацијата „Зум“ зголемени 3,5 пати

Ана Ололовска

Суд во Нигерија преку апликацијата Зум осуди човек на смртна казна

А1он

StopKorona! – мобилна апликација справување со Ковид-19

А1он

МВР промовира мобилна апликација за постапување на полициските службеници при избори

Ландов