Кокан Димушевски: МРТ врши мобинг врз мене

Од:

Кокан Димушевски МРТ  не му дозволува на Кокан Димушевски, челн на легендарната „Леб и сол“ да го користи својот законски годишен одмор, кој го чувал за турнеја на групата во Австралија.

Димушевски на својот ФБ профил напишал дека тоа е мобинг врз него и неговата личност од страна на извршните директори на МРТ.

„Ја оневозможуваат нашата турнеја, господе прости им, не знаат што прават. Јас заминувам за Австралија утре“, напишал Димушевски.

Во коментарите, членови на социјалната мрежа велат дека ова е срамно за МРТ, им посакуваат успех и достојно да ја претставуваат нашата држава, дека „Леб и сол“, се најдоброто од Македонија и најдобри амбасадори на Македонија во светот.

Би можело да ве интересира

Во Белград маестрален концерт на дуото Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

A1on

Пендаровски ги одликуваше со орден на заслуги членовите на легендарната група „Леб и сол“

Предраг Петровиќ

Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар и поранешен директор на МТВ

Ландов

Почина Драгољуб Ѓуричиќ, некогашниот тапанар на „Леб и Сол“

Жарко Настоски