Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар и поранешен директор на МТВ

Од:

Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар, дипломиран правник и поранешен директор на Македонската радио телевизија. Трајковски беше именуван за генерален директор на МРТВ во јуни 1996 година, од страна на Собранието, по разрешувањето на Мелпомени Корнети. Во телевизијата работеше од 1969 година. Во јули 2010 година заминува од телевизијата.

Во 2013 година беше присутен и на протестите против власта пред МРТВ, кога им кажа на поранешните колеги да се ослободат од режимот, да не молчат и да не станат партиски војници кои ќе ги исполнуваат директивите на тогашната актуелна власт. Тој тогаш и порача на власта да ги тргне своите раце од јавниот сервис и да остави професионално и објективно да си ја врши својата работа.

Трајковски во МРТВ работеше 40 години.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

Орце Костов

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Ана Ололовска

Мирис на мртви мачки и расипани тоалети, МРТВ како Чернобил

Наум Локоски

ВИДЕО: Поплава во МТВ

Ана Ололовска

Основачот на „Курир“, Ацо Мисаjловски и директорот на МТВ, Марјан Цветковски осомничени од СЈО

Кристијан Ландов