Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Од:

Речиси една недела не работи ниту еден од четирите лифтови во зградата на Македонската Радио Телевизија каде се сместени и други органи и министерства. Вработените, но и граѓаните кои имаат потреба од услугите на институциите кои се сместени во зградата на МРТ мораат да пешачат по неколку катови за да завршат работа.

Кога прашавме на пријавница дека сакаме да одиме до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен катактер, од таму не информираа дека таа се наоѓа на 14 кат и дека ќе мора да се качиме пеш, бидејќи нема друг начин да се стигне дотаму.

Пред лифтовите се поставени метални препреки и ленти, кои сигнализираат дека лифтовите не работат. Вработени во службите кои се сместени во зградата на МТВ велат дека до неодамна работел само еден лифт.

Утрово затекнавме десетина граѓани кои задишано ги искачуваа скалите за да ги добијат услугите што им требаат. Некои до вработените раскажуваат дека секојдневно во МРТ доаѓаат и странци, бидејќи таму е сместен Секторот за гранични работи и миграции на МВР, кои исто така мораат да пропешачат за да стигнат до институцијата.

„Лифтовите се исклучени за да се поправат по настанатата штета минатата недела во поплавата. Поправката ќе заврши во текот на наредната недела”, велат од Службата за општи и заднички работи.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

Орце Костов

Инцидент во зградата на МРТВ: Вработен во обезбедување нападнат од колега

Горан Наумовски

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Програмскиот совет при МРТ и ЗНМ: На нетранспарентен начин се крати буџетот на МРТ

Ана Ололовска

Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар и поранешен директор на МТВ

Ландов