Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

Од:

Македонија нема да оди на Евросонг – Парите МТВ ќе ги насочи за прослава на 80 години радио и 60 години телевизија.

Македонската фан страница за Евросонг на социјалната мрежа Твитер објави, а Македонската Радио Телевизија потврди дека идната година Македонија нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Малме, Шведска.

-Одлуката е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи предвид дека Јавниот сервис идната година, со сите свои капацитети ќе се фокусира на одбележување на големиот јубилеј, 80 години Македонско Радио и 60 години Македонска Телевизија. Активностите за одбележување на големиот јубилеј ќе се одвиваат во текот на целата 2024 година. МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале, се вели во информацијата од МТВ.

Македонскиот фан сајт за Евросонг исто така потврди дека Македонија и следната 2024 година како и годинава, ќе отсуствува од Евросонг.

– Со длабока тага потврдуваме дека Северна Македонија ќе отсуствува од Изборот за песна на Евровизија втора година по ред. Со среќа на сите 37 земји кои се натпреваруваат и со нетрпение го очекуваме големото шоу во Малме, објави македонскиот Фан сајт за изборот на песна на Евровизија на платформата Х.

Би можело да ве интересира

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

ВИДЕО: Лук Блек е српскиот претставник на Евровизија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Хрватска на Евровизија со песна за Путин: Мал подол психопат

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Дали оваа песна ќе победи на Евровизија?

Ливерпул ќе биде домаќин на Евровизија следната година

Катерина Ѓуровски