Иако можеби не верувате, мажите се и тоа како пребираат и не воздивнуваат баш за се што оди на две нозе и има гради. Верувале или не, постојат пет типови жени кои мажите не ги поднесуваат.
Опседната со диета
Ако ви е секоја втора реченица: „Ох, како тоа би го изела, но има премногукалории“, големи се шансите многу брзо мажот да побегне од вас. А ако уште почнете да приговарате во стилот:
„Зошто пиеш пиво, па знаеш дека тоа дебелее“, експресно ќе се изгуби, во вид на магла. Момчињата сакаат кога девојките се опуштени и кога знаат да уживаат во животот. Тоа не значи дека осум пати дневно морате да јадете ќебапчиња меѓу оброците, туку едноставно да се опуштите и препуштите на мали, умерени уживања.
Озборувачка и дежурно „гунџало“
Жените кои негативно зборуваат за другите и ги омаловажуваат луѓето околу себе дефинитивно го одбиваат секој маж. Сите понекогаш имаат жолта минута и приговараат, но една работа е ако тоа се прави понекогаш, а сосема друго ако се работи 24 часа дневно.
Мажите не разбираат зошто жените имаат потреба секогаш нешто да бараат и приговараат.
Опседната со работа
Убаво е што ја сакате својата работа, но нема никаква потреба на другите, а особено на момчето, да муја полните главата со рокови, колеги, шефови или работни презентации, затоа што ќе биде јасно дека немате друга тема за која би разговарале.
Мажите ги интересира што мислите за нив, што би сакале да правите додека не работите, што е вашето хоби, кои се вашите ставови. Ако сакате да имате момче, време е да не размислувате само за работата.
Незадоволна со семејството
Рака на срце, ретки се оние кои имаат совршени родители, браќа и сестри, блиски и подалечни роднини и каде никој со никого од своето семејство никогаш не се скарале.
Меѓутоа, тоа не е причина константно да раскажувате за тоа и да ги заморувате своите најблиски. Ако не постои ништо позитивно што би кажале за своето семејство, прескокнете ја таа тема.
Мамичка
Некои жени сметаат дека се знаат, па така и се однесуваат. Имаат чувство дека мораат да ги слушнат сите проблеми на овој свет и секако, да ги решат во моментот.
Бидејќи, зошто некој тоа би го знаел подобро од нив? Толку многусе опседнати со тоа што момчето секогаш го малтретираат со безброј прашања и се ќе направат за да поделат некој „мудар совет“. Сепак, реалноста е поинаква, ниедно момче не сака да излегува со својата мајка.