Жените најубаво се чувствуваат кога озборуваат во својот дом, додека на мажите сакаат тоа да го прават на работно место, затоа што така се чувствуваат како дел од тимот.
Озборувањето има и позитивни страни, верувале или не, затоа што на тој начин оние кои озборуваат се зближуваат, а истражувањето покажа дека делењето скриени тајни на другите со непознати лица поттикнува склопување пријателство.
Жените, тоа веќе е докажано, се поздрави и посреќни ако редовно имат трач-сеанси со пријателките, а за тоа постои едноставна физиолошка причина – се зголемува прогестеронот, хормон кој го намалување чувството на стрес и тешкотија.
Но, посилниот пол сепак на озборување троши повеќе време од жените. Жените на озборување просечно трошат 56 минути, мажите на озборување други поминуваат дури 20 минути повеќе дневно. Дури третина од испитаниците изјавиле дека повеќе сакаат добар трач од секс.
Машките теми за озборување се пијани пријатели и сите непријатности кои по пат се случиле, а кај жените, очекувано, главна тема се другите жени.
И кај едниот и другиот пол на второ место се вестите, но за жените тие информации се за сериите и животите се „славните“, додека мажите традиционално се држат до политиката.
Мажите, покрај тоа, сакаат да поделат сочни инфомрации за старите пријатели, колешките од работа или избираат мис на канцеларијата, а жените почесто се занимаваат со врските на другите луѓе и сексот.