Кога и зошто зеваме?

Од:

Најраните теории кои го објаснуваат зевањето сугерираат на тоа дека кога зеваме од организмот исфрлуваме лош воздух, а вдишуваме добар. Слични објаснувања од минатиот век покажуваат исто така дека со зевањето организмот исфрлува доза на кислорот потребна за зголемување на енергијата, додека истовремено се исфрлува јаглерод-диоксид.

Сепак, некои експерти ги негирале овие теории, тврдејќи дека на луѓето на кои им треба повеќе кислород, вклучувајќи ги спортистите или луѓето кои имаат некој здравствен проблем, не зеваат ништо повеќе од просечен човек.

Зевањето се уште е еден вид мистерија која се случува во човечкиот организам, но за сега најприфатено е мислењето кое го покажале многу студии – дека до зевање доаѓа кога ќе се зголеми температурата во мозокот.

– Мозокот троши околу 40 отсто енергија на нашиот метаболзиам, а температурата на мозокот зависи од протокот на крвта, температурата на крвта и метаболичкото производство на топлина во мозокот – објаснува професорот по психологија Андрју Галуп.
Истражувачите откриле дека зевањето всушност го лади мозокот, спречувајќи на тој начин температурата премногу да се зголеми и мозокот да се прегрее, поради што во моменти кога зеваме се чувствуваме поспано.

Сигурно некогаш ви се случило, додека слушате некоја досадна приказна, по некое време да почнете да зевате.

– Температурата на мозокот се зголемува кога сме заморени, кога немаме доволно стимулација, т.е. кога ни е досадно, но и кога се наоѓаме во просторија во која е премногу топло, а може да се јави и од различни инфекции.

Зевањето затоа, колку и да делува неважно, сепак е многу важно за нормално функционирање на организмот. – Зевањето го забрзува протокот на крвта низ артериите и овозможува доток на поладна крв до мозокот и на тој начин ја намалува тепмературата на мозокот – објаснуваат научниците.

Што се случува во нашиот организам кога зеваме? Тоа е прилично едноставно: кога зеваме ја отвораме устата, длабоко вдишуваме, а завршуваме со кусо издишување. Во текот на овој чин, мускулите околу черепот се истегнуваат и овозможуваат во организмот да навлезе свеж воздух, при што поладна крв оди до мозокот.

Ако сте се прашале зошто некогаш рефлексно ги истегнуваме рацете пред себе или благо ја зафрлуваме главата наназад кога зеваме, еве и објаснување: ова секундарно однесување го поттикнува ладењето кое во организмот се одигрува во текот на зевањето, бидејќи зголемената собна температура затоплува и дел под мишките на брза реакција, т.е. го забрзуваме ладењето на мозокот и на телото воопшто, што го поттикнува чувството за будност, т.е. ја намалува поспаноста.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ