Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и почит.
Чистокрвната кобила Винкс е недостижна за двоножните идоли во спортот, политиката, културата и академскиот свет, наведува „Дејли Телеграф“ за единствената кандидатка за „Австралијка на годината”. – Дали е ова Австралијката која живееше според австралиските вредности на почит и цивилизираност?, ги прашува весникот читателите, наведувајќи подолга листа доблести коишто треба да ги има личноста на годината.
Според сиднејските медиуми, кобилата освоила десетици трки и наскоро оди в пензија. Тоа е описот на единствената „Австралијка“ која ги испонила критериумите.
Од претходните победници, се издвојува името на научникот и нобеловец – Пол „Крокодилот Данди” Хоган.