Коалите масовно гладуваат поради неконтролирана сеча

Од:

Заштитници на животините на Австралискиот континент укажуваат дека коалите масовно гладуваат оти луѓето ги сечат дрвјата заради заштита од пожар, уништувајќи го природниот извор на храна на овие животни.

Прифатилиштето за коали на островот Рејмонд, на брегот на сојузната држава Викторија, неделно наоѓаат барем една изгладнета коала. А, цела Австралија, посебно Нов Јужен Велс е погоден од екстремни жештини и суша.

– Тоа ги погодува коалите низ целата земја, не само на островот Рејмонд, истакнува Венди Хендриксен од прифатилиштето, каде што живеат 250 коали.

На коалите на Рејмонд, кои се хранат главно со лисја од еукалиптус, им се заканува истребување и поради тоа што новодоселениците масовно ги ловат и продаваат поради крзното.

– За нив загрозувачки се и шумските пожари, посебно оние во Викторија, смета проф. Валентина Мела од Универзитетот на Сиднеј.

Коалите, според австралискиот закон, се „чувствителни” животни и во дивината ги има помалку од 90.000, а според некои извештаи – само 43.000 единки.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он