Кејли Куоко проговори за врската и раскинувањето со колегата од „Бубалици“

Од:

Американската глумица и ѕвезда од „Бубалици“ (The Big Bang Theory), Кејли Куоко проговори за врската и раскинувањето со Џони Галецки – кој и во серијата го глумеше нејзиното момче.

Имено, тие стапија во врска 2007 година, кога серијата само што почна да се снима, односно неколку месеци подоцна, а раскинаа 2009 година. Но, серијата продолжи…

– Кога раскинавме, очигледно, беше малку чувствително „наредната минута“, но се сеќавам на тие седмици дека Чак [Лори, сценаристот] ги имаше напишано оние епизоди каде одеднаш нашите ликови „секоја втора секунда“ се в кревет заедно, вели Куоко во интервјуто за интернет-емисијата „Експерт во фотеља“ на Дакс Шепард.

Таа смета дека тоа со зачестените секс-сцени по раскнувањето, Чак Лори го направил намерно.

За разлика од вистинскиот живот, нивните ликови во серијата се венчаа. Тие двајцата и денес се добри пријатели.

Глумицата се омажи со Карл Кук во 2018 година, а Галецки, се чини, е во сериозна врска со Алена Мејер.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска