Карневалот во Рио се одложува за идното лето поради пандемијата

Од:

Училиштата за самба во Рио де Жанеиро соопштија дека славниот карневал ќе се одржи во јули 2021 година, а вообичаените поворки во февруари се одложени поради епидемијата на коронавирусот.

Но, според Лиеса, главната асоцијација на училишта за самба во градот, новиот датум ќе зависи и од достапноста на вакцините, како и од одлуката на владата дали во јули ќе прогласи неработни денови на национално ниво, што е средина на зимата на јужната хемисфера.

-Училиштата за самба одлучија карневалот да се одржи во јули доколку има вакцина и доколку се прогласат празници, изјави портпаролот на Лиеса, Винсенте Датоли. Но, додаде: „доколку нема вакцина, нема да има ништо од тоа“.

Карневалот, со мноштво весели и разиграни луѓе на улиците не само во Рио де Жaнеиро, туку и низ целиот Бразил, традиционално се одржува во февруари или март.

Карневалот во Рио секоја година привлекува безброј туристи, а секое училиште е претставено од речиси 3.000 костимирани изведувачи кои танцуваат и пеат на „Самбодромот“.

Поради Ковид-19, веќе е откажан и традиционалниот новогодишен огномет, што редовно привлекува милиони посетители на познатата плажа Копакабани во Рио.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати во Бразил поради обилните дождови се искачи на 48

Невидени дождови во Бразил, десетици мртви

Ана Ололовска

Бразил: 36 загинати во поплави и лизгање на земјиштето

Актерка роди син на 56 години: „Кога се посомнева за бременост, му реков на докторот дека е луд“

Предраг Петровиќ

IQOS караванот ќе ја посети Струмица за време на Струмичкиот карневал

Адвокат со пиштол влегол во собата за магнетна резонанца, починал

Предраг Петровиќ