Канадски бизнисмен во судница: Запалив еден милион долари за да избегнам плаќање на мојата жена за детска издршка

Од:

Во судскиот претрес на Вишиот суд во Отава, Канада, минатата недела, Брус Меконвајл (55) кажа на судијата дека подигнал околу милион канадски долари во 25 поединечни повлекувања од банката.

Тој во судницата тврдеше дека ги запалил подигнатите пари и дека за тоа има докази од самите признаници што ги повлекол од банката.

Меконвајл кој трчаше за градоначалник на Отава во 2018 година, но не успеа да победи на изборите, по прашањето од судијата Кевин Филипс, за тоа што тој мисли кога кажал дека ги уништил, рече „ги запалив“.

Откако беше побарано од страна на судијата тој да приложи доказ,  Брус не ги обелодени неговите финансиски средства.

Судијата го осуди на 30 дена притвор поради прекршување на судскиот налог, а му нареди на Меконвајл да и плаќа на поранешната сопруга 2.000 долари дневно за детето, секој ден од кога тој не ги пријавил неговите финансии кон судот.

 

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Малезија во затвор поради проневера на милијарди долари

Вработен во сервис за автомобили осомничен за злоупотреба на 912.570 денари

Поранешен министер во Република Српска осомничен за голема проневера

Жарко Настоски

Чешка: Полицијата бара премиерот Бабиш да се обвини за проневера на европски пари

Жарко Настоски

Ќе се вештачат проневерите од 2,4 милиони евра во ФФМ

Маја Илиевска-Пачемска

Американец го проневерил државниот фонд за превенција од пандемијата за да купи Ламборџини

А1он