Ќе се вештачат проневерите од 2,4 милиони евра во ФФМ

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција подготвува вештачење за проневерите во Фудбалската федерација на Македонија и сметководителката која со допишување нули на фактурите извлекувала пари наменети за македонскиот фудбал. Обвинителството три месеци го истражува случајот откако во јули годинава Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави против сметководителката, против поранешниот претседател на Федерацијата, Илчо Ѓорѓиоски и против уште 23 правни и физички лица за проневера на 2,4 милиони евра.

Меѓу осомничените се поранешната сметководителка Олгица Младеноска, поранешниот претседател Илчо Ѓорѓиоски и уште еден вработен во ФФМ кој посредувал при извлекување на парите

„Во изминатиот период, во предметот кој е во предистражна постапка, сослушани се дел од пријавените лица, претставник од Фудбалската федерација на Македонија, како и лица во својство на сведоци. Во моментов надлежниот обвнител од Основното јавно обвинителство  за гонење на организиран криминал и корупција ја подготвува документацијата што ќе биде предадена на вештачење, а која е неопходна за утврдување на фактите во предметот и за донесување на јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“, велат од Обвинителството.

Поранешната сметководителка во Федерацијата Олгица Младеноска е првоосмничена. За неа „А1он“ на почетокот на годинава објави дека со допишување нули на фактурите извлекувала пари од ФФМ со кои, како што посочија нејзините поранешни колеги, имала луксузен живот со чевли од 1,000 евра, со чанти кои чинеле неколку нејзини официјални плати и одмори на скапи места. Вработена била во Федерацијата повеќе од три децении, а освен Управата, кривична пријава против неа поднесе и сегашното раководство.

Меѓу осомничените, покрај поранешната сметководителка и поранешниот претседател, е и уште еден вработен во Федерацијата кој посредувал при извлекување на парите. Тие се дел од групата осомничени во која има 14 правни лица и 11 физички лица. Финансиската полиција осомничените ги подели во три групи.  Во едната група се градежни компании кои фиктивно биле ангажирани и извлекле пари за работи кои никогаш не ги изградиле, втората група се оние кои ваделе кеш за фиктивните услуги што наводно ги правеле за ФФМ, а третата група е трошењето пари за скапи чевли, облека и чанти.

Управата за финансиска полиција ги поднесе кривичните пријави по осуммесечно истражување, а на овој случај од таму велат дека сѐ уште работат.

Би можело да ве интересира

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

Кривични пријави против сопствениците и управителите на две фирми, впишале недовршените објекти во Агенцијата за катастар и незаконски се стекнале со над 50 милиони денари

Нема веќе осомничени во бегство во случајот ФФМ

Катерина Ѓуровски

Истрагата за ФФМ се проширува: Обезбедени уште четворица осомничени, еден заврши во притвор

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ