Во судскиот претрес на Вишиот суд во Отава, Канада, минатата недела, Брус Меконвајл (55) кажа на судијата дека подигнал околу милион канадски долари во 25 поединечни повлекувања од банката.
Тој во судницата тврдеше дека ги запалил подигнатите пари и дека за тоа има докази од самите признаници што ги повлекол од банката.
Меконвајл кој трчаше за градоначалник на Отава во 2018 година, но не успеа да победи на изборите, по прашањето од судијата Кевин Филипс, за тоа што тој мисли кога кажал дека ги уништил, рече „ги запалив“.
Откако беше побарано од страна на судијата тој да приложи доказ, Брус не ги обелодени неговите финансиски средства.
Судијата го осуди на 30 дена притвор поради прекршување на судскиот налог, а му нареди на Меконвајл да и плаќа на поранешната сопруга 2.000 долари дневно за детето, секој ден од кога тој не ги пријавил неговите финансии кон судот.