На магистрала во канадската покраина Алберта, возач заспал при брзина од 150 километри на час. Тој бил зад воланот на автономен автомобил „Тесла“, кој може да учествува во сообраќајот без човек што го управува.
Возилото се движело во режим на самоуправување. Седиштата биле навалени наназад и, се чини, патниците спиеле.
Alberta RCMP received a complaint of a car speeding on Hwy 2 near #Ponoka. The car appeared to be self-driving, travelling over 140 km/h with both front seats completely reclined & occupants appeared to be asleep. The driver received a Dangerous Driving charge & summons for court pic.twitter.com/tr0RohJDH1
— RCMP Alberta (@RCMPAlberta) September 17, 2020
Возачот е обвинет за неодговорно однесување во сообраќајот и возачката дозвола му е одземена на 24 часа.