Какви ефекти има марихуаната врз нашето тело и мозок?

Од:

Марихуаната се уште се сврстува во листата на дроги кои не се дозволени за слободна консумација, но сепак се користи како психофармаколошко средство во медицината во некои земји.

Со своето силно аналгетичко и смирувачко дејство марихуаната успешно помага против болки, емоционална напнатост, трпеливост и го зголемува расположените и апетитот, што за пациентите кои боледуваат од рак им го олеснува секојдневието.

Се поголем број на научни истражувања и евидентирани примери ја потврдуваат поврзаноста на канабисот со низа здравствени предности, вклучувајќи го и намалување на болките и на симптомите на епилепсија.

Освен тоа, научниците тврдат дека има и други начини на кои марихуана би можела позитивно да влијае врз нашето здравје.

Деталното истражување спроведено од Националната академија за науки, инженерство и медицина во Вашингтон, помогна во сумирање на сите досега познати и непознати факти за канабисот.

Едно од истражувањата потврдило дека марихуаната помага на лицата кои боледуваат од некои врсти на воспаление на цревата, како Кронова болест. Истражувањето е спроведено во 2014. година и се проучувани две групи на луѓе кои боледувале од Кронова болест, од кои на едните им била дадена марихуана, а на другите плацебо лек.

Истражувањето покажало дека ублажување на симптомите кај 10 од 11 испитаници кои земале марихуана, а само 4 од 10 испитаници кои добивале плацебо.

Ова истражување било повторено, користејќи ниски дози на CBD, кој е најзастапен канабиноид во конопот кој нема психоактивно дејство за разлика од THC кој делува на периферниот нервен систем, не било забележано ублажување на симптомите кај испитаниците.

Лекот Епидолекс, кој содржи CBD, е на добар пат да стане првиот одобрен лек од оваа врска кој помага во лечењето на ретки облици на детска епилепсија.

Фармацевтската фирма GW Pharma, која што го произведува лекот, ги истражува потенцијалните ефекти на CBD на синдромот Дравет, редок пример на епилепсија кој се јавува во првата година од животот кај децата и има предизвикува опасни напади.

Фирмата ги објавила резултатите од истражувањето кои покажале позитивни ефекти на лекот кај овој вид на епилепсија, што ја докажува лековитата намена на конопот.

Користењето на марихуана може да влијае врз центарот за рамнотежа, со оглед на тоа дека THC-то од марихуаната влијае во активноста на малиот мозок, кој што е делот од мозокот што ја регулира рамнотежата, координацијата, реакцијата и држењето.

Во истражувањето спроведено во 1998. година, во кое е користена магнетна резонанса за проучување на мозокот под дејство на THC, научниците забележале промени во протокот на крв во малиот мозок, што може да значи дека влијае врз чувството за време.

Сепак, регулациите влијаат врз овие истражувања, бидејќи има само одреден вид на марихуана која што може да биде користена од страна на научниците.

Една од нуспојавите од користењето на марихуана е црвенило во очите, бидејќи марихуаната ги шири крвните садови, како и зголемениот апетит заради кој доста често тие кои користат марихуана добиваат голема желба за храна.

Истражувањата покажуваат дека марихуаната, благодарение на психоактивната компонента THC, влијае на делот од мозот кој сигнализира заситеност, заради што нашиот мозок не лаже и не тера да јадиме и кога веројатно не сме гладни.

Се уште не може со сигурност да се утврди дали марихуана предизвикува депресија или дали депресивните личности имаат тенденција кон користење марихуана, но едно истражување од холандија тврди дека консумацијата на марихуана може да го зголеми ризикот од депресија кај млади луѓе, кои имаат специфичен ген серотонин заради кои се ранливи и подложни на депресија.

Исто така, истражувањето покажале дека кај редовните корисници на марихуана може да се развие шизофренија, доколку лицата имаат генетски предиспозиции за оваа болест.

Научниците во моментов се обидуваат да докажат како CBD може позитивно да влијае на лечењето на луѓе кои патат од анкциозност, но многу веруваат дека честата консумација на марихуана всушност го големува ризикот од социјална анксиозност.

Исто како и кај депресијата, научниците не можат со сигурност да утврдат дали марихуаната влијае на акнциозноста или луѓето користат марихуана за да се решат од чувството на анцкиозност.

Лицата кои редовно консумираат марихуана веројатно ќе доживеат хроничен бронхитис, спроед некои истражувања. Исто така, докажано е дека со истите симптоми се соочуваат и луѓето што престануваат со пушење на цигари.

Сепак, изненадувачки се резултатите кои покажуваат дека канабисот не го зголемува ризикот од карцином на белите дроби или било кој облик на карцином на главата или вратот, за кои знаеме дека цигарите имаат ефект.

Некои спортисти, особено во спортови на издржливост и авантуристички спортови, тврдат дека марихуаната им помага да остварат подобри спортски резултати. Смирувачкото и дејството против воспаление на мускулите на марихуаната им овозможува да издржат поголеми напори и побрзо опоравување од тренинзите.

Во јавноста е познато дека двајца од најдобрите олимписки спортисти на сите времиња, Мајал Фелпс и Усеин Болт редовно консумираат марихуана.

Пушењето на марихуана за време на бременоста, според некои истражувања, е поврзано со тоа да новороденчињата да се родат со помала тежина. Постојат показатели дека децата, чии мајки консумирале марихуана за време на бременоста морале да одлежат некое време во неонатална единица за интензивно лечење.

Со оглед на големиот број истражувања за ефектите на марихуаната, постојат голем број на позитивни показатели кои одат во корист на лечење со марихуана, но како и со секоја супстанца, постојат одредени ризици.

Потребни се уште истражувања која ќе ги докажат нагаѓањата за позитивните ефекти на марихуаната за медицински цели, како и оние кои ќе најдат начин да се елиминираат ризичните нуспојави од оваа билка.

Но сепак, од досега спроведените истражувања, може да се заклучи дека марихуната има многу повеќе позитивни ефенки и помал број нуспојави, од многу други легални супстанции.

Би можело да ве интересира

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Македонец ќе одговара за шверц на 250 килограми марихуана во Хрватска

Катерина Ѓуровски

OJO бара притвор за скопјанецот кој имаше „лабораторија“ за производство на марихуана и хашиш

(ВИДЕО) Претрес во Скопје, откриена лабораторија за производство на марихуана

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он

Истраги против дилери на марихуана во Тетово и Велес