Како денес изгледа „сестричката“ од обвивката на популарната чоколада

Од:

Многумина ги сакаат или со задоволство се сеќаваат на популарните чоколади „Сека“ и „Брацо“ („Сестричка“ и „Братче“), кои на полиците во продавниците во поранешна Југославија се наоѓаат уште од 60-те години на минатито век.

Само малкумина можеби знаат дека русокосото девојче од обвивката на „Сека“ е Теа Агбаба, ќерка на новинарот Градимир Агбаба, која во разговор за Радио Сараево открива како нејзината фотографија се нашла на чоколадата.

– Беше еден сосема нормален ден и мислам дека во градинката бараа деца кои би можеле да бидат фотографирани за тие чоколади. Тие цело време гледаа во мене и веднаш рекоа дека јас сум вистнската, раскажува Теа, додавајќи дека тогаш сите и велеле дека тоа е преубава можност.

Таа вели дела мисли оти ја избрале токму неа затоа што била секогаш насмеана.

– Браќата секогаш ми велеа дека имам детски обравчиња, кои ми остана до денес. Претпоставувам дека сум била вистинско мало девојче, вели денес 32-годишната Теа.

Сека 1

Таа раскажува дека не го познавала момчето што се најде на чоколадата „Брацо“, Дан Бабиќ и дека не и било јасно зошто едно непознато дете треба да и биде „братче“, кога таа веќе има тројца браќа.

– Исто така, се сеќавам дека во еден момент сакав самата да се фотографирам, па ми објаснуваат дека нема можност во исто време да бидам на фотографија и да фотографирам, раскажува Теа.

Таа натаму додава дека „братчето“ Дан ја пронашло на Фејсбук пред една или две години и дека сега се во контакт.

– Тој е симпатично момче, со кого делам многу големи спомени од нашето детство, вели Теа, која 20 години живеела во Лондон, а од лани се преселила во Палма де Мајорка.

Теа денес бара работа, а покрај актерството и театарот, се занимава и со фотографирање и тврди дека единствена желба и е да биде среќна.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ