Полиците на книжарниците од многу одамна се затрупани со книги кои ги подучуваат читателите како да се збогатат промислувајќи го секој животен чекор, како да се троши помалку, а да се заштеди повеќе, како паметно да се вложува, извлекување од долгови и одење во пензија што порано, но најверојатно тоа никој подобро не го направи од Наполеон Хил уште во 1937 година, пишува Business Insider.
Хил беше писател во времето на Големата економска криза, а беше познат и како советник на американскиот претседател, Френклин Д. Рузвелт. Тој интервјуирал повеќе од 500 „најуспешни луѓе кои кога и да живееле во САД“ за да дојде до формулата за успешно богатење и стекнување имот.
Своите увиди ги испишал на 200 страници во книгата „Think and Grow Rich“ која со текот на годините стана една од најпродваните книги на сите времиња.
Иако ги испитувал најуспешните бизнисмени на своето време, неговата формула не вклучува никакви невозможни мисии и несовладливи вештини, туку се темели на совладување на психолошки пречки кои човекот го делат од стекнување богатство.
– Желбата нема да донесе богатство“, пишува Хил. „Но ако таа желба со време стане опсесија, тогаш планирањето на конкретни начини и средства, како и потпирање на истите со упорност која не дозволува пораз, ќе обезбеди стекнување на значителна сума“.
Во еден дел од книгата ги сублимира шесте чекори за претоворање желби во нејзин финансиски еквивалент.
1. Во својот ум постави си парична цел која сакаш да ја оствариш. Не е доволно да се рече „сакам многу пари“. Биди конкретен во замислената сума.
2. Точно одреди што си подготвен да дадеш за возврат за парите кои ги сакаш. Не постои „ништо за нешто “.
3. Одреди го точниот датум до кој сакаш да ги собереш тие пари.
4. Направи цврст план како ќе ја спроведеш својата идеја во дело и веднаш почни со негово остварување, без разлика дали си подготвен или не.
5. Напиши на хартија во едноставни, куси реченици колку пари сакаш да стекнеш, во кој временски рок, што си подготвен да жртвуваш за возврат на тој план, и како ќе го оствариш планот.
6. Прочитај ги тие реченици наглас два пати дневно, еднаш непосредно пред спиење и еднаш пред станување од креветот наутро. ДОДЕКА ЧИТАШ, ВЕРУВАЈ, ЧУВСТВУВАЈ И ВЕРУВАЈ КАКО ВЕЌЕ ГИ ПОСЕДУВАШ ТИЕ ПАРИ.
Видувањето за стекнување богатство на Хил не се разликува многу од многу модерните, освен што е поедноставно и позбиено срочено.
– Кога богатството ќе настапи на местото на сиромаштијата, тоа е обично поради добро разработени и изведени планови, додава тој. Сиромаштијата не бара никаков план. На неа не и треба помош затоа што е храбра и немилосрдна. Богатството, пак, срамежливо и повлечено. Тоа треба да се привлече.