Како да се излечи скршеното срце?

Од:

Се разделивте, ве оставија, вие оставивте, не е важно кој е виновен, важно е дека по завршувањето на љубовта ви остана „скршеното срце“. Еве неколку совети како да го надминете љубовниот бродолом.

Ако се уште мислите на поранешната љубов додека сте со другите луѓе, доколку плачете и се чувствувате лошо додека тој/ таа е со некој друг/ друга, ако се што правите ве потсетува на него/неа и ако тоа лице јасно ви стави до знаење дека никогаш нема да бидете заедно, признајте си себе си дека сте „заглавени“ се уште со некој кој тргнал напред.

Ако се препознавте во било која реченица од горенаведените и вашиот одговор е „да” значи дека се уште не сте го преболеле вашиот развод или прекинувањето на враската. За среќа, првиот чекот кон патот до „исцелување” е признавањето на проблемот.

Познато е дека две лица, кои се соочуваат со стресна ситуација реагира сосема различно. Едниот буквално ќе се „распадне“ поради разделбатам додека другиот ќе биде мирни и отворен за нов почеток. Разликите во реакциите лежат само во сопствените ставови кои ги заземате.

Сосема е возможно луѓето повторно да ја вратат контролата над својот живот, здравје и кариера.

На крајот морате да гледате како на мост што откако ќе го поминете минатот ќе остане зад вас и ќе можете да ги исполнувате своите желби и потреби. Мислете позитивно, релаксирајте се, биде свесни, неутрализирајте ги негативните мисли и тргнете ги сите препреки што стојат до патот до вашите желби.

Потсетете се на вашите омилени филмови, читајте ги книгите што ги сакате, слушате музика која ве прави среќни, шетајте, трчајте, направете се што апсолутно ви паѓа на памет.

Разговарајте со вашите пријатели, или барем преправајте се дека ги слушате, играјте карти, јамб… Остнатото ќе си дојде само по себе.

Се рабира, ништо нема да ве чини за да си го заздравите целосно вашето срце и тоа потполно сами, без помош на другите. Може за тоа да ви помогне и искуството на браќата Гиб, што на свој начин го престави пречесниот Ал Грин и ја интерпретираше „How can you mend a broken heart”.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он