Кафуле во кое пиете во друштво на глувци

Од:

По кафулињата со мачки, кои веќе масовно се отвориja во неколку градови низ светот, во Лондон неодамна е отворен и „алтернативен“ локал за љубителите на глодачите.

На гостите во кафулето им се препорачува пред доаѓањето да се ослободат од фобијата од глодари. Имено, кога ќе се спомене „стаорец“, првата асоцијација обично не е некоја симпатична реплика на лик од Дизниевите приказни, туку створ кој предизвикува исконски страв. А тоа е токму тоа што сакаат да го променат сопствениците на ова необично кафуле, првиот „бар со глодари во британската престолнина“.

Како што пренесуваат британските медиуми, дел од декорот на локалот се и 18 глувци кои слободно шетаат меѓу столиците, а гостите имаат право да ги фаќаат и мазат.

-Глувците се на лош глас уште од Средниот век заради кугата, но и заради епизодата од Големата реа во Викторијанскиот период, објасни за „Дејли мејл“ Матијас Хајвел, менаџер на локалот, чија цел е да го подобрат „имиџот“ на злогласните глодари.

По славните кафулиња со мачки и нешто поегзотичните локали со буфови и рептили, барот со глодачи е на добар пат да стане нов моден тренд за оние кои сакаат да се опуштат со кафе на оригинален начин.

Лондонскоот кафуле, отворено на 24 јуни, веќе бележи завидлив успех, на голема  радост на Хајвел кој веќе има во план и нови проекти.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ