Гостите во овој јапонски хостел заспиваат гледајќи во мачки

Од:

Невообичаен хостел, поврзан со засолниште за мачки, во префектурата Осака во западна Јапонија, им овозможува на гостите да заспиваат гледајќи во мачките. За многумина, тоа е прибежиште од реалноста, каде сѐ уште е актуелна корона-пандемијата.

Хостелот наречен „Неко Хатаго“ е отворен минатиот декември, како додаток на „кафулето“ за мачки „Неко Јокуџо“. Одморалиштето има осум соби, од каде што луѓето можат да ги гледаат мачките преку стаклен прозорец поставен покрај секој кревет.

– Сакам луѓето да дознаат повеќе за мачките што ние ги спасуваме и прибираме, па и како тие се однесуваат навечер, вели Наоми Нишикубо, сопственичка на објектот.

Мјаукањето се слуша постојано, а на гостите во хотелот им е дозволено да ги бањаат и хранат мачињата, пред и по работното време на „кафулето“ за мачки.

Хостелот имаше и доста странски посетители пред корона-пандемијата, но сега тие се помалку.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он