Јапонски тинејџер ја тужи државата околу своето право на видеоигри

Од:

Јапонски тинејџер ја тужи државата околу своето право да игра видеоигри. Момчето кое претпочита да биде идентификувано само со името Ватару, има и поддршка од својата мајка.

Предмет на тужбата е препораката издадена во јануари од префектурата Кагава, во западна Јапонија, што посочува децата да бидат ограничени до еден час на ден за игра и 90 минути за време на неработните денови. Таа исто така, предлага – на децата на возраст од 12 до 15 години да не им се дозволуваат паметни телефони подоцна од 21:00 часот.

Но, макар што правилата засега се само насоки без механизам на налог, Ватару вели дека е „инспириран да го оспори“ тој концепт. 3а тоа најмил и адвокат.

– 3а тоа колку долго децата ќе играат игри или ќе седат на паметен телефон, правилата околу тоа треба да ги определува секое семејство поединечно, а не Владата, вели 17-годишното момче.

Ватару нагласува дека неговите сопствени навики не се многу загрозени, но му се случувало да нема пристап до некој сервер за видеоигри по 22 часот, токму поради овие правила. Тој не е сам во оваа битка. Скоро 600 луѓе потпишаа петиција против препораките. Но, тие исто така, имаат и значајна поддршка во јавноста.

Адвокатот на Ватару, Томоши Сака смета дека препораките го нарушуваат јапонскиот Устав, како и слободата на избор и на изразување.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ