Јапонски хирург им ја „менува судбината“ на суеверните

Од:

Еден јапонски хирург ги нуди своите услуги на лица кои сакаат да влијаат на судбината, така што им ги продолжува или менува линиите на животот, љубовта и среќата на дланките.

Според таблоидот „Дејли бист“, токискиот хирург Такаки Мацуока е подготвен да им помогне на суеверните лица, кои се незадоволни од тоа што „можат да го прочитаат“ од нивните дланки.

Гледањето на дланка постои со векови, а некои во тоа цврство веруваат. Со намера донекаде да ја променат иднината и работите да ги стават под контрола, некои посегнуваат за есетска хирургија.

Мацуока на пациентите им ги менува линиите на дланките со помош на електричен скалпер.

– Кога би користел ласер, раната би зараснала не оставајќи јасни траги. Со електричниот скалпер се прават лесни резови, затоа што линијата на дланките не се никогаш целосно прави. Доколку не ја изгорите кожата и користите тадиционален скалпер, линиите нема да се задржат. Тоа не е тешка операција, но треба да се направи како што треба, вели Мацуока.

Од 2011 година овој токиски хирург ја „променил судбината“ на 37 лица. Постојат линии чија промена е особено барана. Така мажите сонуваат за пари, а жените за љубов, па Мауока најмногу работи на измени точно на овие линии.

На прашањето дали операцијата дава резултати, Макуока, чии пациенти најчесто се на возраст околу 30-та година, го наведува „плацебо“ ефектот.

– Кога луѓето мислат дека ќе бидат среќни, често се случува и да бидат. Не е тоа дека линиите на дланката се врежани како во камен. Станува збор за брчки на кожата кои со текот на времето се менуваат. Начинот на кој ги користиме рацете може да доведе до бришење на некои линии, вели Макуока, додаваќи дека операцијата трае од 10 до 15 минути и чини 100.000 јени (околу 750 евра).

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ