Јапонски градоначалник стана хит поради Џо Бајден

Од:

Градоначалникот на малиот јапонски град Јамато – Јутака Умеда стана интернет-sвезда откако луѓето сфатија дека, според јапонскиот правопис, неговото име може да се прочита и како „Џо Бајден“.

– Се чувствувам многу близок до него. И, се чувствувам како јас да победив на изборите, откако слушнав дека Бајден се очекува да победи, изјави 73-годишниот градоначалник.

Имено, на јапонски јазик, буквите за слоговите „уме” и „да” во неговото презиме – може да се изговорат и како „бај” и „ден”, додека онаа за „Јутака” се чита и како „Џо“.

Јамато, во југозападната јапонска префектура Кумамото има помалку од 15.000 жители, од кои многумина се надеваат дека таткото на гратчето можеби може да ја искористи оваа неочекувана врска. Умеда, од своја страна, се надева дека тоа ќе помогне светот да чуе за градот.

– Претседателот на велесила како Соединетите Американски Држави и градоначалникот на Јамато имаат сосем поинаков обем на работа. Но, јас би сакал да размислувам за пропорционални начини за промоција на градов, рече Умеда.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ