Јапонска манекенка, позната како Ванила Чаму изврши повеќе од 30 естетски операции и потроши околу 102.000 долари, за да личи на француска кукла.
Фотографиите пред и во текот на операцијата ја покажуваат нејзината радикална трансформација, од нашминката тинејџерка, до изглед на западна жена.
Ванила освен операција на носот и капаците, ги оперираше градите, изврши липосукција, вгради трепки, но се уште не е задоволна со својот изглед.
Таа ќе продолжи со операциите се додека не стане, како што рече совршена, жива француска кукла.
Ванила во Јапонија е позната личност, безброј пати се појави на различните телевизиски емисии и започна кариера на поп пејачка.
Елена Георгиевска