Харолд Симонс родителите не го туркале во животот – тргнал од нула и успехот го постигнал сам.
Израснал во рурални краишта на Тексас во колиба без струја и вода. Како син на двајца учители, Харолд се покажал како особено добар ученик.
Дипломирал во 1952 година и се вработил во банка. До 1960 година успеал да заштеди пет илјади долари, се задолжил 95.000 долари и отворил мала продавница во состав на универзитетот. Колку добро му одеше продажбата зборува податокот дека таа мала работилница се претворила во синџир, кој брои вкупно 100 малопродажни објекти.
Харолд тука не застанал одлучувајќи добро разработената работа да ја продаде за дури 50 милиони долари.
Од тој момент стана мајстор за купопродажба. До денес купил шест компании меѓу кои и Titanium Metals Corporation – најголемиот произведувач на титаниум во светот.
Симонс до денес милиони вложил во школување, основал сопствена фондација и центар за лечење на хронични болести.