Изложба на рачно изработен филигрански накит во Јавна соба

Од:

„Идентитет“ е насловена изложбата на рачно изработен сребрен филигрански накит на дизајнерката Јованка Јанкоска што ќе биде отворена утревечер во 19:00 часот во Јавна соба.

Изложбата „Идентитет“ е скромен обид да се подзабрише глобализациската прашина и уште еднаш да се ѕирне во сегмент од нашиот традиционален културолошки идентитет.

Експонатите – уникатни парчиња накит, изработени рачно со техниката Филигран, се моќна алатка за навраќање во едно друго време од овие простори.

Јованка Јанковска Идентитети 1 Со медиумот сребрена жица, надополнет со македонски рубин и други полудраги камења, авторот на оваа изложба Јанкоска, со креативно синтетизирање на традиционалните и модерните модни тенденции, успешно создава парчиња накит со висока естетика, кои дискретно, но достоинствено би ја надополниле, односно украсиле секоја наша жена.

Локалниот идентитет, кој е во основата на формата, техниката и методите на создавањето на експонатите, во овој случај добива универзални уметнички димензии. Изложените креации се одликуваат со вештина на префинетост до перфекција, нагласувајќи ја константната нишка на убавина низ времињата минати и сегашни.

Јованка Јанковска 2 Ниту концептот, ниту контекстот на оваа изложба не се случајни, не се инцидентни. Идентитетски – се. Очигледна е нејзината зрелост, нејзината временска замисла и реализацијата. Овие уникатни и вредни парчиња накит наведуваат на вредносни размислувања за тоа „од кај сме, што сме и каде одиме“.

Љубителите на сребрен филигрански накит ќе имаат можност до среда 13 декември да ја посетат изложбата на Јанкоска (Filigree by Bobe), која е од продажен карактер.

Изложбата е подржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Сето тоа може да се користи за правење обетки

Откако украдоа накит од „Зелениот трезор“: Затворски казни за петмината крадци

Романци се уапсените за кражбатата на накитот вреден еден милион долари

Спречен шверц на златен и сребрен накит на ГП Богородица

На Прешево-Табановце запленети дукати и златен накит вреден 12.780 евра

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска