Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Од:

Американскиот глумец Мет Дејмон ја продаде својата луксузна вила во Лос Анџелес за 18 милиони долари. Тој својата резиденција во населбата Пацифик Палисејдс ја стави на пазарот во јануари, за 21 милион долари, а вилата беше продадена за три милиони помалку од првично бараната цена.

Зданието од 13.508 квадратни метри се наоѓа на една од најпосакуваните улици во оваа област, а има седум спални соби и 10 бањи. Внатрешноста се одликува со мешавина на материјали вклучувајќи природен камен и дрво, како и со средиштен атриум постојано исполнет со светлина, со сводови високи 35 метри.

Куќата е опкружена со бујно зеленило и е еден од најголемите имоти во соседството.

Дневната соба и трпезаријата се пространи и опкружени со прозорци и стаклени ѕидови, што овозможува огромна природна светлина. Основниот апартман има приватна тераса, двоен гардеробер, соба за масажа, спа и пространа туш-кабина.

Внатрешноста вклучува и бар, канцеларија, вежбалница, соби за персоналот, винарска визба и соба за дегустација. Надвор има простран двор, детски простор за играње, голем базен и спа-центар, вештачки водопад и езерце.

Би можело да ве интересира

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска

Лизгачка врата – совршен избор за викендички

Ана Ололовска