Изгубено куче минало 60 километри и се вратило дома

Од:

Сопственик на куче го заборавил своето милениче на бензинската пумпа, но по 26 дена и минати 60 километри далеку од домот, тоа се вратило во својата куќа.

Кучето Доу Доу, инаку на возраст од седум и пол години, случајно го оставиле на бензинска пумпа во Кина. Семејството дури по неколку часа забележало дека тој не е во автомобилот. Потоа, животното речиси цел месец се обидувало да стигне до сопственикот, кој сепак, признава дека изгубил надеж дека некогаш пак ќе го види своето куче.

Кога се вратило дома, миленичето било целосно исцрпено и валкаво. Кију, сопственикот на кучето, изјави дека претпоставувал дека Доу Доу останал во автомобилот додека тој и неговата сопруга го барале детето, кое претходно за кратко се изгубило. Следниот ден се вратиле да го земат кучето на бензинската пумпа и го барале миленичето два часа, но се откажале.

– Се надевавме дека преживеало и дека го посвоил некој човек со добро срце, вели Кију за „Кијунжијанг њуз“.

Кога Доу Доу се ​​појавил на прагот по речиси еден месец, бил непрепознатлив.

– Имаше изгубено тежина, но сепак беше оној стариот. Тоа се забележуваше во неговите очи. Тој сјаеше, додаде Кију.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он