Истражување: На секоја втора жена и на секој трет маж им се заканува мозочно заболување

Од:

Секоја втора жена и секој трет маж во светот би можеле да страдаат од одредени невролошки дегенеративни болести како што се деменција или Паркинсова болест или мозочен удар, ова се резултатите од новата студија објавена во специјализираното списание за неврологија, неврохирургија и психијатрија.

Студијата е направена врз основа на резултатите од следењето на менталната состојба на 12.102 луѓе постари од 45 години во периодот од 1996 до смртта или до 1 јануари 2016 година.

Од 5291 смртен случај, колку што се регистрирани во текот на 26 години од траењето на оваа епидемиолошка студија, кај 1 489 луѓе се развива некаква форма на деменција, кај 80 отсто од случаите се јавува Алцхајмерова болест, кај 1 285 лица е забележан мозочен удар, а кај 263 лица Паркинсова болест.

Очекувано, беше забележано дека опасноста се зголемува со возраста, но има разлика во зависност од полот. Имено, кај секоја втора жена или 48 отсто жени на возраст од 45 години, се вели во студијата, постои опасност во текот на животот да заболат од една од трите болести во однос на секој од трет маж или 36 отсто.

Оваа разлика произлегува од фактот дека мажите обично умираат порано од жените, објаснува еден од авторите на студијата Арфан Икрам од холандскиот Медицински универзитетски центар во Ротердам.

Тој исто така рече дека кај жените се забележува нешто поголем ризик од развој на деменција отколку кај мажите, но мажите се повеќе подложни на преран мозочен удар отколку жените. Кај женската популација постои двојно поголем ризик од паралелен развој на деменција и мозочен удар во споредба со мажите.

Би можело да ве интересира

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Гостиварец и се заканувал на адвокатка во нејзината канцеларија

Горан Наумовски

Жена повредена по пад од трети кат во Охрид – Уапсени двајца мажи

Анита Петровска Рајковиќ

Повозрасна жена починала во болницата Св. Еразмо, нејзиниот син пронајден на улица во Охрид

А1он

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов

Пијана жена со ножици го избодела бившиот пред казино: Обвинителството бара притвор

Орце Костов