Исчезнато куче по шест години се врати кај сопственичката

Од:

Седумгодишниот патердејл териер Мичи исчезна од својот дом во ангискиот округ Јоркшир пред шест години. Нејзината сопственичка Шерил ја барала неколку месеци, но на крај се помирила со тоа дека најверојатно никогаш повеќе нема да ја види својата миленичка.

Кога кутрето исчезнало, Шерил имала само едно дете синот Елиот. Но денес таа има четири синови, а згора на тоа и две кучиња.

– Изгубив секаква надеж, си мислев дека Мичи е мртва и никогаш повеќе нема да ја видам, раскажува Шерил.

Шест години подоцна, сепак, една двојка на прошетка ја забележале Мичи на улица во еден соседен град и ја однеле до ветеринарната клиника. Со помош на микрочипот, ветеринарите Зои Џексон и Џулијан Нортон го пронашле сопственикот и стапиле во контакт.

Шерил мислела дека за шест години кучето ја заборавило, но се излажала. Мичи веднаш ја препознала и со радост почнала да „ја бакнува“.

Сега Мичи повторно ќе треба да се привикнува на стариот живот, но во поголемо семејство.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он