Индиец наводно може да спие и 25 дена по ред

Од:

Човек од Индија деновиве го привлече светското внимание и бројни медиуми, поради својата ретка состојба што наводно го тера да спие и до 300 дена во годината.

Се работи за 42-годишниот Пуркхарам, жител на селото Бадва во покраината Раџастан. Тој, како што се наведува, страда од хиперсомнија и може да спие и 25 дена по ред. Ова ретко нарушување му било дијагностицирано пред 23 години, кога имал „обичај“ да спие по 15 часа дневно, а симптомите со текот на времето само му се влошиле.

Тој, инаку, поседува селска продавница, од којашто живее.

Пред шест години, тој почнал да спие и два дена по ред… Потоа, 7-8 дена по ред, а неговата состојба, наводно, сега го тера да спие и до скоро цел месец без прекин.

Би можело да ве интересира

Џесика Рабит добива нов, политички коректен лик

Ана Ололовска

Сестри со по 107 години – најстарите близначки во светот

Ана Ололовска

Италијанец запомни број од 630 цифри

Ана Ололовска

Авион принудно слетал во Австрија, оти патник „заглавил“ в тоалет

Ана Ололовска

САД: Нов рекорд во брзо туркање спортска детска количка

Ана Ололовска

Шпанија: Пезети во вредност од 1,6 милијарди евра останале незаменети

Ана Ололовска