Најстариот човек во светот е Кама, 119-годишен жител на талјандската покраина Мае, тврдат локалните власти, кои планираат за тоа да ги информираат претставниците на Гинисовата книга на рекорди. Кама и покрај поодминатата старост негува активен стил на живот и секој ден оди на риболов.
Тој тврди дека е роден на 8 мај 1894 година. Кама има четири деца, но наведува оти сам живее во неговата куќа.
Целиот живот јаде едноставна храна – ориз и риба која ја лови.
Според најновите службени записи на Гинисовата книга на рекорди од јуни годинава, најстарото лице во светот е 115-годишната Мисао Окава која живее во Осаки.