ИКЕА откажа неколку настани во холандските продавници од безбедносни причини, откако илјадници луѓе играа детска игра во продавниците во Белгија минатото лето.
Портпаролката на ИКЕА Мартина Смедберг ги откри причините за оваа одлука.
– Тешко е да се држи сето тоа под контрола. Мора да се погрижиме за безбедноста на луѓето во продавниците. Тоа е исклучително тешко ако не знаеме каде се наоѓаат – рече таа.
Десетици илјади луѓе учествуваа во играње криенка во продавниците во Ајндховен, Амстердам и Утрехт. Организаторите сега бараат нови локации за играње криенка.
Компанијата дозволи играње криенка во продавницата во Вилријк во Белгија во јули минатата година.
Елиса Де Ријк, која ја организираше играта, рече дека луѓето се криеле во фрижидерите, под кадифените играчки, под сините кеси на ИКЕА, како и во креветите.
– Некогаш е забавно да се прават детски работи. ИКЕА е како една огромна дневна соба. Игравме криенка цел ден. Беше исцрпувачки, но многу забавно – рече Елиса.
Портпаролката на ИКЕА во Холандија Анелис Нувелертс рече дека во играта учествувале околу 500 луѓе.