Продавницата ИКЕА во германскиот град Келн, направи пред влезот посебни „паркинг места“ за кучиња каде миленичињата можат удобно да го чекаат враќањето на нивниот сопственик од трговскиот центар.
Доколку вашето куче никогаш не го носите со вас кога купувате затоа што нема каде да го оставите, ИКЕА најде вистинско решение за вас – паркинг за кучиња.
Шведскиот произведувач на мебел во својата продавница во Келн постави неколку удобни платформи каде кучињата ќе можат да одмараат додека го чекаат својот сопственик.
Покрај платформите кои се обложени со вештачка трева се наоѓаат садови за вода и шипка за која можете да го врзете вашето милениче.
Новиот концепт на шведскиот гигант наиде на воодушевување на љубителите на животни кои сметаат дека на овој начин ќе се намали бројот на неодговорни сопственици кои своите миленичиња ги оставаат во возилата на високи температури.