И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

Од:

Во неизвесното финале на српската Песна за Евровизија, победи пејачката Теја Дора, која во Малмо ќе ја пее песната „Рамонда“.

Исланд исто така избраа добро познато лице од евровизиската сцена, пејачката Хера Бјорк.

Интересно за двата настана е што песните и изведувачите кои важеа за фаворити всушност не ја добија шансата да ги претставуваат Србија и Исланд на фестивалот.

Имено, во Србија за фаворит, а и речиси убедена дека таа ќе оди на Евровизија, беше Бресквица со песната „Гнездо орлово“. Во Исланд пак за фаворит важеше палестинскиот пејач Башaр Мурад.

Башар во Исланд стана познат откако во 2019 сними песна заедно со тогашните евровизиски претставници, бендот Хатари – кои среде Тел Авив парадираа со транспаренти „Ослободете ја Палестина“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски