Познатата претприемничка Мјуриел Зиберт поголемиот дел од своите 48 милиони долари ги остави на непрофитната организација која го носи нејзиното име, но 100.000 долари „резервираше“ за своето сакано куче Монстер Грл.
Мјуриел Зиберт е првата жена која работела на берза на њујоршкиот Вол Стрит.
Парите кои се наменети за Монстер грл, Зиберт ги остави на својата пријателка Линди Фокс Фрејзер, со упатство дека нејзиното кутре никогаш не смее предолго да биде само во текот на денот.
Мјуриел Зиберт исто така остави доволно пари за Животинскиот медицински центар годишно да добива по 10.000 долари додека Монстер Грл е жива.